Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска поднесе оставка.
.Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од функцијата, без да ги наведе причините за повлекувањето.
Пред нешто повеќе од две недели Управата за финансиска полиција (УФП) му поднесе кривична пријава на Бислимоски под сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластување, бидејќи не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Бислимоски демантираше дека работел незаконски и рече дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции, со цел да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата на компанијата не било направено никакво прекршување на законската регулатива.




