дома Локално Обвинителството отвори предмет за загадената вода во Струга

Обвинителството отвори предмет за загадената вода во Струга

Обвинителството оформи предмет откако во јавноста излегоа информации дека водата во Струга е енормно загадена. Обвинителството ќе ги испитува причините и евентуалните кривични дела против животната средина.
          – Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје. Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, информираат од Обвинителството.
Водата од струшкиот водовод е здравствено небезбедна за пиење поради многу висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот.
„Шум“ е единствениот извор што може да го обезбеди градот и селата со вода. Има уште еден извор во селото Белица, но тој се користи само како дополнување во летната сезона.

Предходна4 корисни навики за контрола на холестеролот
СледнаТрошоците на живот зголемени за 3,2 проценти, нема промени кај храната