дома Локално Продолжува опасноста од поплави – од утре нови пообилни врнежи

Продолжува опасноста од поплави – од утре нови пообилни врнежи

УХМР предупредува  за  очекува зголемување на водостојот на река Вардар во средниот дел од течението, како и на реката Треска и препорачува  на внимателно движење покрај реките. Но опасноста која демне и која повикува на подготвоки се обилните држави кои се прогнозираат за наредните денови и секако симнивање на температурите

   Во западните делови водостоите на реките се во опаѓање, и се очекува тој тренд да продолжи. Во источниот дел од земјата состојбата е мирна и единствено посериозно зголемување на водостојот имаше во крајниот долен дел од сливот на реката Струмица.
Обилни врнежи предизвикаа поплави во западна и северна Македонија. Кичево и Сарај се најпогодени, со евакуации и над 30 поплавени домаќинства. УХМР предупредува на високи водостои на Вардар и Треска.

Поради излевање на Вардар од доцна синоќа се пренасочува и сообраќајот во гостиварско, информираат од АМСМ.

„На 15.02 од 22:45 часот, поради излевање на река Вардар, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране е пренасочен од с. Чајле кон с. Старо Чајле кон село Форино, соопштија утрово од Авто-мото сојузот на Македонија.

Обилните врнежи што ја зафатија земјата вчера предизвикаа излевање на реки и сериозни поплави во западниот и северниот дел од Македонија. Најпогодени се општините Кичево и Сарај, каде се вршеше евакуација на жители и интензивна санација на штетите.

Внимавајте покрај реките! Поплавени 30 домови во скопската општина Сарај

Координацијата меѓу Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи е интензивна, но на површина излегоа и проблемите со ограничените технички ресурси.

 

ПредходнаИзвештај: Цивилните жртви во Украина се зголемија за 26% во 2025 година
Следна5 намирници што треба да ги избегнувате кога земате лекови за висок крвен притисок