дома Македонија Општество Ближиме до европските стандарди.Средната возраст во земјава е 42,21 година, во...

Ближиме до европските стандарди.Средната возраст во земјава е 42,21 година, во ЕУ 44,9

  Средната возраст на населението во земјава е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Еуростат за 2025 година.

Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 % и изнесува 4 596, соопшти Државниот завод за статистикВо споредба со 2015 година средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015).

Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 години, а постаро Албанија 44,3 и Србија 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години.

Во ЕУ најмладо население има Ирска 39,6 години, а најстаро Италија со просек од 49,1 година.

На ниво на ЕУ, средната возраст се зголемила за 2,1 година од 2015 година, кога била 42,8 години. Зголемување се бележи во сите земји од ЕУ, освен во Германија и Малта (-0,4 години).

Стареењето на населението е најизразено во Словачка и Кипар, каде што средната вредност се зголемила за 4,0 години, по што следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (секоја +3,8 години) и Португалија (+3,7 години).

ПредходнаНаучниците развија уред за брза проценка на ризиците од рак и стареење
СледнаГолема истрага: Сепак, европските пари ја плаќаат руската војна