дома Локално Градоначалникот го предаде клучот на карневалџиите, почнаа карневалските празнувања во Струмица

Градоначалникот го предаде клучот на карневалџиите, почнаа карневалските празнувања во Струмица

 Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања. Јанков и го предаде клучот на претседателката на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Танкица Стојанова, со што беше означен почетокот на годинашното карневалско издание.

Според Јанков, со предавањето на клучот на карневалџиите започнува карневалската недела во Струмица и со тоа владеењето е во нивни раце се до траењето на Карневалот.

-Деновиве не очекува интересна програма организирана од Карневалскиот одбор и поддржана од Општината. Се надевам дека ова карневалско издание ќе биде едно од најуспешните и им посакувам добра забава и пријатна атмосфера на сите учесници во ова наше струмичко карневалско чудо, рече градоначалникот Петар Јанков.

На јарболите пред Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беа кренати државното и знамињата на Струмичкииот карневал и FECC, а струмичките мажоретки традиционално со свој настап ги најавија претстојните карневалски настани, од кои најважниот-Главната карневалска вечер ќе се одржи в сабота на 21 овој месец.

 

ПредходнаДве лица во притвор за запленетите пет тони марихуана во Србија
СледнаПочна Рамазанскиот пост