Инфлацијата во Соединетите држави забрзала во август, покажува извештајот на Министерството за труд објавен во средата, со остар раст на цените на бензините на месечно ниво.
Годишната стапка на инфлацијата во најголемата според обемот светска економија пораснала во август за 3,7 отсто, од 3,2 отсто во јули. Кога ќе се исклучат цените на храната и енергијата, пак, се спуштила од 4,7 на 4,3 проценти.
На месечно ниво потрошувачките цени во САД пораснале за 0,6 отсто, трикратно посилно отколку во јули и јуни.
Најсилно на годишно ниво поскапеле услугите во транспортот, и тоа за 10,3 отсто, по 9,0-процентното зголемување во претходниот месец.
Домувањето и во август значително ги кренало животните трошоци, поскапувајќи на 7,3 отсто, само малку поблаго отколку во јули.
Цените на храната во август биле повисоки за 3,0 отсто, по 3,6-процентиот раст во претходниот месец.
Падот на цените на бензинот, пак, остро забавил, на само 3,3 отсто. Во јули беше речиси 20 отсто поевтин отколку во истиот месец минатата година.
Уште поголема промена покажува месечното споредување, со поскапување на бензинот во август за дури 10,6 отсто. Во јули цените на бензинот речиси стагнираа.
Енергијата, така, на годишни ниво поевтинила за 3,6 отсто, повеќекратно поблаго отколку што поевтини во јули.
Електричната енерегија поскапела за 2,1 отсто, додека гасот поевтинил за 16,5 отсто во однос на ланскиот август.