дома Македонија МНР со апел до граѓаните: Не патувајте во Мексико

МНР со апел до граѓаните: Не патувајте во Мексико

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата откако во оваа држава избувнаа немири по убиството на наркобосот познат како Ел Менчо. Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

– Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: washington@mfa.gov.mk.

По убиството на Немесио Осегуера, познат како Ел Менчо, водач на картелот Халиско, Мексико се соочи со бран насилства и блокади.

Предходна„Кој сè ќе оди курбан заедно со Артан Груби, дали ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети?“, прашуваат од Вреди
СледнаДојави за бомби испразнија училишта во Скопје и Тетово