дома Свет „Глобалните пазари се преплавени со евтини кинески електрични автомобили“

„Глобалните пазари се преплавени со евтини кинески електрични автомобили“

68





Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска најави истрага за субвенционирање на електрични возила што доаѓаат од Кина, јави ДПА.

Глобалните пазари се преплавени со евтини кинески електрични автомобили, рече фон дер Лајен, обраќајќи им се на пратениците во Европскиот парламент во Стразбур во годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“.

Нивната цена вештачки се одржува ниска поради „огромните државни субвенции“, рече таа, што доведува до нарушување на пазарот во ЕУ.

ЕУ не толерира нарушувања на пазарот ниту од внатре ниту од надвор од него, рече фон дер Лајен.

„Европа е отворена за конкуренција, а не за трка до дното“, рече таа.

Во исто време „од витално значење е да се задржат отворените линии на комуникација и дијалог со Кина“, додаде Фон Дер Лајен.

МИА

– Реклама –








ПредходнаКурти не ме убеди дека се залага за нормализација на односите со Белград
СледнаБитиќи: Не може храната во Европа да поскапи 11, а кај нас 46 отсто