дома Граѓански Обука за претставници на Министерството за внатрешни работи за проценка на ризикот...

Обука за претставници на Министерството за внатрешни работи за проценка на ризикот од корупција

Обука за претставници на Министерството за внатрешни работи за проценка на ризикот од корупција

  Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денеска во Скопје организира обука за претставници на полицијата/Министерството за внатрешни работи во областа Проценка на ризикот од корупција и  Законодавство за проверка на корупцијата.

Како што е најавено,  во воведната сесија ќе се обратат Адем Чучул, претседател на Државната комисија за спречување на корупција, Алберт Хани, директор на Регионалната антикорупциска иницијатива, Никола Прокопенко, раководител на сектор во Министерството за правда и претставник на државата во Управната група на РАИ, и аташе Клаус Грубер, службеник за врска на Сојузното министерство за внатрешни работи при Австриска амбасада во Скопјe

Обуката ќе се одржи во х. „Александар палас“ од 9 часот. Изјави за медиумите по воведната сесија ќе имаат претседателот на Антикорупциската комисија, Чучул, и директорот на РАИ, Хани.

ПредходнаАхмети со поддршка за САД: Албанците недвосмислено го избраа западниот пат
СледнаМВР навреме спречило малолетно лице кое најавило можно самоубиство преку социјалните мрежи