дома Македонија Политика Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку...

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Саудиска Арабија

 

 Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за репатријација и евакуација на нашите граѓани од Обединетите Арапски Емирати преку Кралството Саудиска Арабија. Како што се наведува во објавата на социјалните мрежи, репатријацијата и евакуацијата на нашите граѓани, кои се затекнати во ОАЕ, ќе се одвива преку копнената граница кон Кралството Саудиска Арабија и од таму со авиони што полетуваат од нивна територија.

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Саудиска Арабија

 

– Транспортот од Обединетите Арапски  Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и тој би траел од 13 до 15 часа. Преку формално барање/нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин – се наведува во информацијата.

Македонските граѓани, кои се заинтересирани за оваа можност, треба да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532, како и на имејл-адресата: abudabi1@mfa.gov.mk.

Министерството за надворешни работи пред два дена ги објави телефоните за помош за нашите граѓани на Блискиот Исток.

ПредходнаДалеку сме од ракетен дострел, ама може да нѐ потопи мигрантски бран?
СледнаСо првите летови од Дубаи се евакуирани патниците затекнати во транзит зоните, се разгледува евакуација на македонските државјани