дома Локално Од понеделник започнува целосно реновирање на една од главните улици

Од понеделник започнува целосно реновирање на една од главните улици

 

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески најави дека од понеделник започнува проект за целосна реконструкција на една од најфреквентните улици во Горно Лисиче, улицата „Лисец“.

Митески најави дека овој проект ќе ги опфати и двата краци од улицата(крак лево и крак десно), нова водоводна мрежа и нов асфалт.

„Од понеделник стартуваме со голем капитален проект. Целосна реконструкција на улицата „Лисец“ во Горно Лисиче (крак лево и крак десно) со нова водоводна мрежа и нов асфалт, инвестиција што носи подобра инфраструктура, поголема безбедност и поквалитетен живот за жителите“, соопшти градоначалникот.

ПредходнаОпштина Гази Баба ќе субвенционира набавка на велосипеди, започна пријавувањето
СледнаЈа киднапирал и силувал: Дошла од Германија, преживеала 10 дена хорор во Гази Баба