дома Магазин Дневен хороскоп за четврток, 14-ти септември 2023-та

Дневен хороскоп за четврток, 14-ти септември 2023-та

65

ОВЕН
Се двоумите за вашиот деловен проект. Имате шанси за успех, кои сепак во голема мера зависат од одредена личност. Бидете трпеливи и вредни во извршувањето на работите коишто се бараат од вас и тешко дека ќе бидете незадоволни.

БИК
Може да испаднат неосновани вашите колебања за лошо завршена работа од стана на партнерот. Верувајте повеќе на сопственото расудување отколку на мислењето на другите. Никој не би добил од влошените односи. Ќе имате пораст на финансиите и подобрување на материјалната состојба.

БЛИЗНАЦИ
Трескавично барате промени, надевајќи се дека тоа ќе ви го направи животот попријатен и поосмислен. Не дека имате сериозни проблеми, но следејќи ги вашите инстинкти со задоволство би се диверзифицирале. Ќе ја задоволите својата жед за авантура организирајќи го вашето следно патување со едукативна цел.

РАК
Не правете работи што ви досадуваат, ефектот ќе биде нула. Бескорисно губење на енергија и време. Добрата понуда може да ве интересира, а исто така и вашите најблиски, доколку ѝ посветите доволно внимание. Бидете поодмерени во трошењето и не купувајте непотребни работи. Вашите патувања ќе бидат интересни и пријатни.

ЛАВ
Во различен степен, очекувањата на луѓето денеска ќе бидат поврзани со вас. На работното место ќе бараат од вас професионален совет и мислење за актуелна задача, дома ќе работите на средување на нередот во домаќинството. Мобилизирај се и ќе успеете. За други, пак, денот ќе биде поврзан со започнување на нешто ново.

ДЕВИЦА
Вашите напори нема да бидат залудни. Само не губи трпение и продолжи понатаму. Ќе постигнете многу повеќе отколку што очекувате. Вашите предвидувања за развој на деловен потфат се целосно потврдени. Вашиот авторитет во вашето професионално поле е импресивен. Запомнете го празникот на ваша блиска личност.

ВАГА
Сега вашето однесување ќе биде диктирано исклучиво од разумот. Тоа ќе ги одреди и води вашите постапки. Вашите духовни определби и задоволства ќе надвладеат над материјалните. Ќе имате интересни средби и познанства. Вашата чувствителност, имагинација и интуиција ќе имаат практичен фокус.

ШКОРПИЈА
Можеби на многумина од вас им недостига енергија и иницијатива. Не останувајте рамнодушни на советите на вашите најблиски – тие нема да ве изневерат. Денот не е погоден за патување. Пожелно е вечерта да се помине меѓу семејството. Соберете доволно информации за можен иден проект.

СТРЕЛЕЦ
Обидете се денеска да ги исполните на дело нештата кажани со зборови. Лесно давате ветувања и правите планови, но брзо заборавате на нивното спроведување. Вложете ја целата своја енергија во нешто конструктивно што ќе ви донесе задоволство или материјален успех. Не се занимавајте со туѓите проблеми, тие самите треба да се справат со нив. Одморете ја вечерта дома.

ЈАРЕЦ
Денеска ќе мора да најдете рамнотежа помеѓу вашите професионални обврски и желбите на вашите најблиски. Внимавајте да не направите нешто за што подоцна може да зажалите. На моменти изборот ќе биде тежок, но со трезвено расудување и тактичен став можете да направите чуда. Вашите контакти денеска се многу успешни, уживате и во успешен деловен исход.

ВОДОЛИЈА
Вашиот пријателски однос кон некого ќе му помогне полесно да се справи со своите проблеми. За возврат, ќе наидете на разбирање за работите што ве мачат и со разумни постапки, поддржани од лојални партнери, ќе ги постигнете вашите намери. Љубовта ќе ве инспирира и ќе ве поттикне да барате повеќе задоволства.

РИБИ
Бидете реални и не ја продлабочувајте врската со некој со кој имате повеќе несогласувања отколку истомисленици. Грижете се за себе, ослободете се од стресот и искористете го максимумот од времето со луѓето што ги сакате. Вашиот пристап кон одреден потфат е правилен и тоа ќе ја подобри вашата самодоверба.



ПредходнаНе може да ги оставиме нашите сограѓани Европејци на страна, да ја комплетираме Унијата со 30+ членки
СледнаПриведен криумчар од Виница, пронајдени 20 мигранти