дома Македонија Општество Денеска пристигнува нова група македонски граѓани евакуирани од Блискиот Исток

Денеска пристигнува нова група македонски граѓани евакуирани од Блискиот Исток

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје

  Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна синоќа во Скопје, соопшти   Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

– На Меѓународниот аеродром – Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати. Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, седум државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, двајца државјани на Босна и Херцеговина, двајца државјани на Албанија, еден државјанин на Германија, еден државјанин на Ерменија и еден државјанин на Црна Гора, се наведува во соопштението.

Врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, летот беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а трошоците за неговата реализација беа целосно покриени од државата.

– Во текот на денешниот ден се очекува во Приштина да пристигне третата група граѓани, за кои е предвидено да полетаат од Ријад, Кралството Саудиска Арабија, најавија од Министерството.

 

ПредходнаСтудено утро, а потоа сончево и топло до 20 степени
СледнаПатот за Теферич повторно пропадна, а решението е кај општинарите