дома ТОП ВЕСТИ Крај за лажните „0% камата“ за брзите кредити: Министерството за финансии откри...

Крај за лажните „0% камата“ за брзите кредити: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

 

 

Министерството за финансии (МФ) по спроведен надзор алармира за низа измамнички практики кај финансиските друштва кои нудат брзи кредити. Констатирано е дека многу од нив ги доведуваат граѓаните во заблуда преку рекламирање „бесплатни“ кредити со нула проценти камата, додека во договорите сокриваат високи дополнителни трошоци.

.

 

 

МФ им наложи на сите друштва веднаш да ги отстранат спорните реклами и натписи кои ги мамат потрошувачите. „Одредена трговска практика е измамничка доколку изостануваат битни информации потребни за правилна одлука“, прецизираат од министерството, најавувајќи остри мерки доколку неправилностите не се исправат.

ПредходнаИзмама во Апелација: Со 16 одложени рочишта судија дозволил предмет да застари
СледнаНема да има зголемување на цените на производите, уверуваат од Владата и големите маркети