Provereno

nie znaeme…

За „Бехтел и Енка“ државата сервира, а за народот не мисли






Жителите на Горна и Долна Бањица продолжија со јавно изразување на незадоволство и револ за работите за изградба на Коридор 8, кои се вршат во атарите на нивните села. Денес организираа блокада во централното градско подрачје, паркираа трактори и не дозволуваа да поминуваат возила.

Заследете нѐ на Телеграм

„Надлежните органи не даваат никаков одговор, ќе продолжиме со протести и блокади затоа што сме во право, никој не ни кажува како и зошто се одзема нашето земјиште. Само велат дека е од општ интерес, но и ние живееме тука, ако е во општ интерес, тогаш е и во наш интерес. Нека дадат одговор зошто се врши трајна експропријација. Има закон да биде времена експропријација. Вчера ова прашање беше отворено и како пратеничко прашање и пак нема одговор. Не ни кажуваат зошто се одземаат нашите ниви. За да им биде добро на Бехтел и Енка државата сервира, а за народот не мисли. Ние ќе продолжиме да си го браниме нашето земјиште, ако ни земат земјиштето нека ги земат и тракторите што ги паркиравме тука, нема да ни требаат“, рече во име на насобраните граѓани, Насир Асипи.

Бањичани најавија дека доколку не добијат одговор од институциите, ќе организираат протест и пред Собранието.
Дваесетина дена наназад мештаните јавно изразуваат револт што никој од надлежните институции не ги информирал дека ќе стартува таков проект и дека е предвидено да се врши експропријација на нивните ниви, туку одеднаш почнале да добиваат покани да си подигнуваат решенија за трајно одземање на земјиштето за минимален надоместок.

Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз

Извор








Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *