На крајот сме од оваа 2023 година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните 5 текстови (без црна хроника) на Gostivarpress.mk кои го привлекоа вашето внимание од 1 јануари, па се до денеска..
Заследете нѐ на Телеграм
Иако беше емитувана пред само 3 дена, најавата за видео емисијата „Новогодишното „нарачано“ интервју“ од 28.12.2023 се најде помеѓу Топ 5 најчитани вести годинава.
„Гостивар ќе стане Њујорк, Циглана-Менхетн“! Како, зошто и што уште во новогодишното интервју на Gostivarpress.mk
Стотиците странски кампери кај месноста Црн Камен близу Леуново, го привлекоа вниманието на јавноста и предизвика најразлични реакции и коментари, сторијата емитувана на 05.08.2023 се најде помеѓу Топ 5 најчитани вести во 2023 година.
Gostivarpress.mk во хипи кампот кај Црн Камен: Не сме голи луѓе кои прават глупости, имаме убави намери, ја сакаме природата
Дворот на семејната куќа Василески во Гостивар, од 31.10.2023 не остави никого рамнодушен и се најде помеѓу Топ 5 најчитани во 2023 година.
Дворот на Василески во Гостивар е рај за очи и душа! Уникатно катче кое дише со љубов и внимание
Младата гостиварка Рената Кешкек која храбро и со сите сили води битка со карцином на дојка, реши да ја сподели својата приказна со јавноста. Сторијата беше објавена на 16.09.2023 и заслужено е помеѓу Топ 5 најчитани вести годинава.
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
Гостивар може да се гордее со успесите на младата Руфија Идризовска, а ние се гордееме што создадовме уникатна сторија со оценка 10,00. Со 75.397 видувања – најчитана вест на Gostivarpress.mk за 2023 година.
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз
Leave a Reply