Интернетот во Иран е блокиран повеќе од 500 часа, објави организацијата за надзор на сајбер безбедноста NetBlocks.

Иран е целосно без меѓународна интернет конекција повеќе од 528 часа и влегува во 23-тиот ден во кој граѓаните на земјата се изолирани од остатокот од светот, според веб-страницата NetBlocks.
„Оваа мерка дополнително ги влошува страдањата поврзани со војната на милиони цивили на кои им недостасуваат независни извори на информации и предупредувања“, предупредува NetBlocks.
Соединетите Американски Држави и Израел започнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари откако преговорите за нуклеарната програма на Иран не успеаја да постигнат договор, по што Иран возврати со напади врз Израел и околните земји, велејќи дека го прави тоа поради американското присуство, а проиранските милитантни групи во регионот се придружија на иранските напади.




