дома Македонија Владата забрани акции и промоции на прехранбени и земјоделски производи во трговијата...

Владата забрани акции и промоции на прехранбени и земјоделски производи во трговијата на мало

71





Трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехрамбени производи од денеска имаат забрана да нудат акциска продажба и промотивна продажба при нивно ставање во промет, со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Како што информираат од Влада, целта е заштита на граѓаните од манипулации со цените.

„Владата на Република Северна Македонија, на денешната 185 седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да (акција) и (промоција), со исклучок на Оваа одлука е донесена согласно членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, за нарушување на домашниот пазар. Одлуката е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки“, информираат од Влада.

Соопштуваат дека со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид на продажба на земјоделски и прехранбени производи, но дека исто така ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

„Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот, и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година“, се наведува во соопштението.

МИА

– Реклама –








ПредходнаУжас – младо момче силувало 81-годишна старица
СледнаБожествен, солен бакнеж… | NetPress