Тринаесетгодишното албанско девојче, облечено во маица со мапа на „Голема Албанија“, отворено пееше за територијални претензии кон македонската држава.

Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше емитувана на Македонската радио-телевизија, на вториот канал, во рамки на детски фестивал, предизвикува сериозна дилема колку тука има „случајности“, небрежност на организаторот и раководството на МРТВ, исто како што „случајно“ беше поставено прашање на министерката , во Тетово, дали си донела преведувач на албански.
Детската песна со визуелизација на облеката за Голема АЛбанија е емитувано вчера (28 март) околу 11 часот утрото.
Изведувач на песната е 13-годишно девојче, кое за време на настапот носи маица со мапа што во јавноста се поврзува со концептот на т.н. „голема Албанија“, што дополнително ја засили дебатата околу пораките што се пренесуваат преку јавниот сервис.
Во текстот на песната се пеат стихови: „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“, по што следува порака за обединување: „Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“. Песната завршува со мотиви за слобода и опстојување, со порака дека народот ќе живее слободно.
Визуелниот дел со мапата на т.н. Голема Албанија, која опфаќа делови од Македонија, Србија, Грција и Црна Гора, предизвика особени реакции бидејќи ова е емитувано на државната телевизија на Македонија. Емитувањето на ваков настап на јавен сервис ја отвори дилемата за границата меѓу културен израз и политичка симболика, особено кога станува збор за програма во која учествуваат деца. И на ова ако се придодаде дека единствено на јавните сервиси им остана и оној не така занемарлив дел ЕДУКАЦИЈА на публиката, тогаш пораката да децата кон што да тежнеат е сеирозно заканувачки.
Старото раководство на МРТВ веќе пред одење, но новото кое е пред избор, веројатно ќе треба да си го постави прашањето чиј е, која е целта , и каква програма треба да има МТВ2, кој канал во рамките на МРТВ, според поделбата, оди исклучиво на албански јазик.




