дома Македонија Црна хроника Пијан Канаѓанец се силел во охридска кафеана па завршил во лисици

Пијан Канаѓанец се силел во охридска кафеана па завршил во лисици

36-годишен канадски државјанин вчера е уапсен во Охрид откако во пијан клен,   се однесувал агресивно во кафеана во градот, соопшти МВР.

„На 05.04.2026 во 12:20 часот во СВР Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.А.С.(36) од Канада, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Охрид, го нарушил јавниот ред мир со агресивно однесување, а при извршена проверка, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта“, велат од полицијата.

ПредходнаГерманија потроши 9,7 милиони евра за испраќање студенти во посета на поранешни нацистички концентрациони логори
СледнаИзложба „H.O.P.E. – Harmonies of Presence & Empathy“ на Илина Арсова во КИЦ Истанбул