дома Локално Ѓорѓиевски: Во Градскиот парк се уредуваат пешачките патеки и се обновува урбаната...

Ѓорѓиевски: Во Градскиот парк се уредуваат пешачките патеки и се обновува урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци

 Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во Градскиот парк се уредуваат пешачките патеки со поставување на бела ризла и се обновува урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци.

Ѓорѓиевски: Во Градскиот парк се уредуваат пешачките патеки и се обновува урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци-Градскиот парк е срцето на Скопје, каде градот дише, а луѓето уживаат во природата. Во овој момент ги уредуваме пешачките патеки со поставување на бела ризла и ја обновуваме урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци, напиша градоначалникот.

Паркот, како што посочува тој, го оплеменуваме и со нови дрвја, создавајќи похумана и позелена средина за сите.

-Да го чуваме и да уживаме во него, затоа што ова е наше заедничко богатство кое треба да го оставиме и на идните генерации – потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски.  

Фото: Принтскрин од видео

ПредходнаИзложба „H.O.P.E. – Harmonies of Presence & Empathy“ на Илина Арсова во КИЦ Истанбул
СледнаОпсада во Грчец, Штип и Струмица: Специјалци на терен во масовна акција против нарко-подземјето