дома Локално Подгответе се за студен бран: Северен ветер носи ниски температури

Подгответе се за студен бран: Северен ветер носи ниски температури

Македонија влегува во период на претежно стабилно, но исклучително ветровито време.

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека денеска и утре ќе преовладува умерен до засилен северен ветер, кој во источните делови и долж Повардарието повремено ќе достигне брзина од над 60 километри на час.

И покрај тоа што се очекува променливо облачно небо, ветерот ќе придонесе за чувство на многу постудено време. Граѓаните се повикуваат на претпазливост, особено при движење на отворени простори каде налетите се најсилни.

ПредходнаМицкоски до Филипче: Бројките и мерките се немилосрдно во полза на оваа Влада, имаме една од најниските стапки на инфлација
СледнаАпасиев до Мицкоски: Дали стоите зад идното „вдомување“ на Костадиновски на државните универзитети