дома Економија „Heineken“ вложува во пиварница во Мексико

„Heineken“ вложува во пиварница во Мексико

74

Мексиканскиот огранок на холандскиот производител на пиво „Heineken“ објави дека планира да вложи 430 милиони евра во градење на нова пиварница на полуоссторво Јукатан.

Градежните работи на пиварницата треба да започнат во 2026 година во општината Канасин во северозападно Мексико. Мексиканската филијала на холандскиот производител на пиво очекува да отвори повеќе од 2.000 работни места во објектот.

Новиот капацитет ќе го постави стандардот за одржливо производство на пиво, со фокус на подобрените процеси на третман на водата и интеграцијата на практиките на кружна економија, се вели во соопштението објавено во четвртокот.

„Мексико игра клучна улога, бидејќи е меѓу најважните светски пазари на компанијата“, изјави шефот на холандскиот гигант за производство на пиво Долф ван ден Бринк, нагласувајќи дека тие се присутни во Мексико повеќе од 132 години.

Мексиканската филијала на „Heineken“ моментално има повеќе од 18.000 вработени и вклучува седум пиварници и една фабрика за слад.



ПредходнаЦените од 1 август ќе бидат референтни за поевтинувањето на прехранбените производи
СледнаПротестен марш во Скопје за пожарот во модуларната болница во Тетово