дома Македонија Црна хроника Пијани возачи, и без дозволи и дури шибале во спротивна насока

Пијани возачи, и без дозволи и дури шибале во спротивна насока

  Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

МВР: Лишени од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, возеле без дозвола и под дејство на алкохол, во спротивна насока и со активна забранаПо целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави

– Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол. Додека еден возач во Куманово возел мопед во спротивна насока, а еден во Скопје и покрај тоа што имал активна забрана – стои во соопштението од МВР.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ПредходнаЧади депонијата во Арачиново – жителите се жалат дека е загадено
СледнаЛевица: Трипуновски ги етикетира земјоделците за да си ја спаси фотелјата – бараме итна оставка