дома Економија Цените од 1 август ќе бидат референтни за поевтинувањето на прехранбените производи

Цените од 1 август ќе бидат референтни за поевтинувањето на прехранбените производи

69

Цените од 1 август ќе се земат како референтни за најавеното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи во земјава, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Како што истакна Ковачевски, поскапувањето се случувало најмногу после 1 август, затоа е земено и како репер, но тоа не значи дека нема да земат предвид и други елементи.

-Ги анализиравме цените и практично, покачувањето се случува најмногу после 1 август, затоа го земавме како репер. Но, тоа не значи дека нема да се земат предвид и другите елементи, па и јули. Анализата се прави, сметам дека до крајот на викендов ќе биде завршена. Најважно е дека се носи мерка со која ќе бидат прекинати секакви можности за манипулација со промоции на цените и тоа што се одржа состанок на кој трговските ланци изразија волја за намалување на цената за најмалку 10 отсто, како и дека нема да биде земена како рефрентна цената денес, туку цената што се наоѓа во период зад нас, потенцира Ковачевски.

Одлуката за замрзнување на цените на 50 основни прехранбени производи треба да биде донесена на владина седница во вторник идната недела.



ПредходнаApple најави ажурирање на софтверот за iPhone 12 во Франција
Следна„Heineken“ вложува во пиварница во Мексико