дома Локално Орце вели дека Град Скопје почнале да работат на ВАРДАРИШТЕ

Орце вели дека Град Скопје почнале да работат на ВАРДАРИШТЕ

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вчера на својот фејсбук профил се пофали  дека почнува одгасување на депонијата Вардариште. Најавата доаѓа еден ден откако депонијата, лоцирана на 6,5 километри далечина од Владата, повторно беше запалена и гореше.

На почетокот на работите на депонијата, која претставува една од главните проблеми во Скопје и лани цело лето го загадуваше градот, не беа повикани медиуми. Од Град Скопје испратија соопштение со слики од посетата на депонијата заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски.

„Започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште, што претставува значаен чекор кон нејзино целосно затворање и трансформација во современ мега парк. Во рамки на активностите, мапирани се 22 бунари за собирање на отпадните гасови, од кои ќе се земаат примероци за анализа во сертифицирани лаборатории, со цел утврдување на нивниот состав и количина. Паралелно се спроведува и темелно површинско расчистување на локацијата.Со реализацијата на овој проект, Вардариште ќе стане зелен простор од околу 300.000 метри квадратни, наменет за рекреација, спорт и подобрување на квалитетот на животната средина“, стои во соопштението од Град Скопје.

Орце  во својата изборна кампања вети дека на местото на Вардариште во неговиот мандат ќе направи мега парк со кој ќе се гордеат скопјани. Очекувањата се големи.

 

Предходна„Malomfesztivál” од Војводина викендов се претставува во Скопје
Следна90% oд плaтaтa зa ĸиpиja зa cтaн co 2 cпaлни coби: Гpциja e втopa вo EУ пo pacт вo 2025 гoдинa