дома Локално Облачно со сончеви периоди и засилен северен ветер

Облачно со сончеви периоди и засилен северен ветер

За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ветровито особено денес кога ќе дува повремено силен ветер од северен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Во југоисточните делови од државата се очекува краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11, а максималната од 16 до 22 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во понеделник од вечерните часови до среда ќе биде нестабилно со врнежи од дожд,а во вторник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПредходнаЗНМ: По истекот на рокот за избор директор и заменик-директор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес
СледнаЈаневска: Законот за високо образование не ја уништува автономијата на факултетите – прифативме дел од забелешките