Home Црна хроника Скопјанец дивеел во Кратово: Повредил тинејџер, нападнал полицаец, па бегал

Скопјанец дивеел во Кратово: Повредил тинејџер, нападнал полицаец, па бегал

40
0

Денеска (08.01.2024) во 01:40 часот во ОВР Кратово било пријавено дека во центарот на Кратово, пред угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од страна на А.Ј.(26) од Скопје кој физички го нападнал С.П.(21), а со остар предмет го повредил М.Д.(19), двајцата од Кратово.

Полициски службеници излегле на местото и при обид А.Ј. да биде лишен од слобода, Д.К.(23) од с.Каврак, кратовско, физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства, а двете лица избегале со патничко возило, управувано од Д.М. од с.Железница, кратовско.

Малку подоцна Д.К. е пронајден и лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот до инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Previous articleСаудиското намалување ја намали цената на нафтата на 75 долари
Next articleПроизводните цени во европската индустрија паднаа во ноември

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here