Home Uncategorized ВИДЕО I Англичанец се снимал како прави нешта кои на Италијанците им...

ВИДЕО I Англичанец се снимал како прави нешта кои на Италијанците им одат на нерви

53
0

Англичанецот Бен Рид одлучил да ги направи сите нешта кои ги излудуваат Италијанците и да ги сними нивните реакции, а видеото стана хит на социјалните мрежи и доби милиони прегледи.

Бен одлучил да им приреди „незамисливи ужаси“ на Италијанците кои за нив се како смртни гревови, а на видеото напишал: „Сите Италијанци кои ги налутив во 2023“.

Сечел шпагети, ставал кечап на пица…
Можеби еден од најголемите „гревови“ е оној кога ги исекол шпагетите со ножици пред шокираниот келнер. Бен ставал и кечап на пица поради што келнерката се фатила за глава, а се „осмелил“ да стави и коцка мраз во црвено вино, па келнерот луто му ја одзел чашата.

Тој јадел пица како да е тако, запеал со неколку момци на улица и направил перверзна фотографија со кулата во Пиза. Иако е јасно дека станува збор за скеч, видеото ги насмеа луѓето на интернет.

„Келнерите само што не повикале полиција“, „Го ризикува својот живот правејќи го ова“, „Ова е ултимативен водич како да ги налутите Италијанците“, се дел од коментарите.



Previous articleВо верижен судир во Заечар едно лице загина, друго е повредено во судар на три возила
Next articleСе дрогира ли Илон Маск? Директорите на неговите компании загрижени

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here