дома Македонија Почина новинарката Лилјана Алтипармакова

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова

Македонската медиумска фела изгуби уште еден долгогодишен новинар. Почина и Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио телевизија.

Алтипармакова, која беше во пензија, го помина целиот работен век во МРТВ како спикерка, новинарка и уредничка. Особено беше претпознатлива по нејзините прилози од областа на економијата.

Погребот ќе се одржи утре од 11:30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

Покрај Алтипармакова, денеска почина и новинарката Гордана Дувњак.

ПредходнаЈаневска ги потврди нерегуларностите на Филозофскиот факултет, чека тој да постапи
Следна„Злато си, частам ручек“ – му пишала поранешната антикорупционерка на колегата кој полагал во нејзино име