Home Uncategorized ВИДЕО: Снимен драматичен момент: Мајка спаси бебе од налетот на бурен ветер...

ВИДЕО: Снимен драматичен момент: Мајка спаси бебе од налетот на бурен ветер кој го скрши прозорецот

62
0

Бебешкиот монитор го снимил драматичниот момент како мајка си ја спасува ќерката, откако нивниот прозорец од спалната соба бил скршен од силен ветер.

„Почувствував дека нешто ќе тргне наопаку, а потоа се скрши стаклото“, изјавила Џесика О’Рајли за моментот на „ITV News“ во нивниот дом во Џерси, најголемиот и најјужниот остров во групата Каналски Острови на Велика Британија.

Во краткиот клип О’Рајли и нејзиното тримесечно бебе спијат се додека силниот ветер ги разбуди. Одеднаш, налетот на ветерот го скрши прозорецот, а мајката со ќерката во раце истрчува од собата.

„Сè беше полно со стакло, во креветот, на подот, насекаде“, додала О’Рајли, истакнувајќи дека и таа и нејзината ќерка имале среќа што останале живи бидејќи чувствувала дека „целата куќа ќе се урне“.

Новинарката на „ITV News“, Софи Далсон, објавила дека и мајката и детето се безбедни и дека биле преместени во хотел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Previous articleЏони Деп не бил прв избор за Џек Спероу, Џим Кери пред него ја одбил улогата
Next articleКазнети 204 возачи за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here