По речиси десет години, поп-ѕвездата Џенифер Лопез го издава новиот албум наречен „This Is Me…Now“, а истиот ден 16. февруари 2024 година, ќе биде прикажан и нејзиниот придружен музички филм, објави ѕвездата на својот Instagram профил.
Филмот е во режија на Дејв Мејерс, а според соопштенијата за печатот, филмот е „екстравагантна визуелна и аудио гозба со импресивна кореографија, костими и многу ѕвезди во камео улоги“.
„ОВА СУМ ЈАС…СЕГА“. Музичкото искуство започнува на 16.02.244 @PrimeVideo @thenewbmg @bmg_us“, напиша Лопез заедно со промотивниот видео клип.
Лопез го најави албумот во ноември 2022 година кога објави список со наслови, меѓу кои и „Dear Ben Pt. II“, а веројатно се работи за нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек, со кој ја обнови врската по години разделба и се венчаа повторно во јули.
Новиот албум е претставен „како најискрен и личен“, всушност е љубовна приказна на пејачка, актерка, ѕвезда која досега има издадено осум студиски албуми, еден ремикс, три компилациски албуми, еден со музика од филмови, 65 синглови, пет песни за хуманитарни цели и 12 за промотивни цели.
Џеј Ло има продадено повеќе од 80 милиони плочи.
Leave a Reply