Provereno

nie znaeme…

Во Газа пронајдени повеќе од 800 влезови во тунели






Израелската армија денеска соопшти дека војниците пронашле повеќе од 800 влезови во тунели од почетокот на копнената офанзива на палестинската територија.

Како што е наведено, 500 од нив се веќе уништени, со поставување на големо количество експлозив, или биле запечатени.

Израелските одбранбени сили соопштија дека многу од тунелите ги поврзуваат „стратешките средства на Хамас“.

Заедно со влезовите, според израелската армија, уништени се и стотици километри тунели.

Влезовите во тунелите биле лоцирани во цивилни области, до или во образовни институции, градинки, џамии и детски игралишта, се вели во соопштението на армијата.

Во некои од нив е пронајдено оружје на Хамас.

ИДФ сметаат дека ова е уште еден „доказ за циничното користење на цивилното население како жив штит и покритие за терористички активности“.

– Реклама –








Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *