Provereno

nie znaeme…

Киев смета дека Русија нема да има недостиг на ракети и дронови






Украинската влада смета дека руската војска има доволно ракети и беспилотни летала за да изврши посериозни воздушни напади врз Украина, јави ДПА.

-Многу месеци Русите складираа проектили токму за оваа цел – за напади врз станбени згради, трговски центри и болници, напиша на Фејсбук украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров.

Тие би можеле да ги продолжат овие напади со залихи, при што Умеров рече дека не предвидува недостиг.

Во втората година од војната, Русија значително го зголеми производството на ракети, и покрај санкциите од Западот. Сега произведува повеќе ракети, крстосувачки ракети и беспилотни летала отколку пред војната.

МИА

– Реклама –








Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *