Заследете нѐ на Телеграм
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари заедно со својот тим вечерва беше во обиколка на дежурните служби во Противпожарната единица, Полицијата и Брзата помош.
„Ова е седма година по ред како ги посетуваме дежурните служби, разговаравме дали се екипирани, дали има проблеми, за среќа во противпожарна и полиција до сега нема проблеми и инциденти, во Здравствен дом поради сезона на грип има малку повеќе работа, но така е во здравствените служби. Со мали, скромни подароци им посакувавме среќни новогоишни празници, здравје и се најубаво во новата година, посакавме да имаат што помалку работа, а камо среќа воопшто да немаат“, кажа градоначалникот.
Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз
Leave a Reply