Provereno

nie znaeme…

Метеоролозите со најава за нестабилно време






Центарот за управување со кризи ги информира граѓаните дека од сабота попладне во земјата ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини и врнежи од снег. Во понеделник ќе настапи значително заладување и врнежите ќе преминат во снег.
-Од Управа за хидрометеролошки работи известуваат дека под влијание на циклонска активност од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела (над 20 л/м2). Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места, наведуваат од ЦУК.
Од вторник 9 јануари времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.
 

Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз

Извор








Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *