![Raketa Vulkan](https://provereno.mk/wp-content/uploads/2024/01/1704726072_16_Лансирањето-на-ракетата-„Vulcan-клучно-за-иднината-на-вселенските-компании.jpg)
Многу нешта зависат од исходот на лансирањето на новата ракета наречена „Vulcan“ на компанијата „United Launch Alliance“ (ULA), заедничкиот потфат на американските гиганти во воздухипловната и ракетната сфера „Boeing“ и „Lockheed Martin“.
Успешното лансирање од космодромот Кеј Канаверал во сојузната држава Флорида во средишниот дел од Атлантскиот американски брег, на ULA ќе ѝ овозможи да го надомести заостанувањето во вселенските мисии коишто чинат со стотици милиони долари, како и воспоставување на конкурентна позиција наспроти компанијата „SpaceX“ на претприемачот и мултимилијардер Илон Маск. Исто така, успехот би можел да биде пресуден и за плановите на двете компании – Boeing“ и „Lockheed Martin“ – да го продаваат својот заеднички потфат.
„Ова е многу вознемирувачки период за нив. Станува збор, всушност, за иднината на нивните компании“, вели Џорџ Соуверс, поранешен главени научник кој бил вклучен во создавањето на ракетата „Vulcan“.
Првата мисија претставува долго очекувана пресвртница по повеќе месеци различни одложувања во конечната фаза од развојот на ракетата, какои по минатогодишните неуспеси при тестирања. Извршниот директор на ULA, Тони Бруно, изјави дека ракетата „Vulcan“ се покажала исправна во текот на неодамнешните испитувања.
Мисијата вклучува транспорт на вселенското летало коешто би требало да го изведе првото американско меко слетување на Месечината по повеќе од половина век. Ракетата првпат ќе користи мотори на свеленската компанија „Blue Origin“ на милијардерот Џеф Безос.
Лансирањето на „Vulcan“ ќе се одвива во периодот кога „Boeing“ и „Lockheed Martin“, кои во 2006 година ја создадоа „United Launch Alliance“ (ULA) со спојувањето на сопствените ракетни програми, имаат намера да го продадат својот заеднички потфа, според тројца соговорници на Reuters упатени во преговорите.
Преговорите, според соговониците кои не сакале да бидат именувани, биле комплексни и го оддролжиле процесот за кој лансирањето на ракетата би можело да има значителни последици. Од ULA, пак, одбиле да ги коментираат евентуалните преговори, но Бруно претходно изјави дека компанијата би можела да бид подготвена за аквизиција. Од кога „Boeing“ и „Lockheed Martin“, исто така, не сакале да коментираат.
Првото лансирање на „Vulcan“, закажано за 8,18 часот во понеделник по локално време, претставува врв на повеќегоишните напори, главно произлезени од потребите на ULA да ја замени својата актуелна ракета „Atlas V“. Станува збор за ракета коај користи мотори увезени од Русија, што некои американски законодавци го критикуваат и што доведе до плановите за нејзино повлекување од употреба.
Повлекувањето на „Atlas V“ и на другата ракета „Delta“, така, ќе ја направи „Vulcan“ единствениот конкурент на компанија ULA за ракетата „Falcon 9“ на компанијата „SpaceX“.
Првата мисија ќе го испрати леталото за атерирање на Месечината на прватната компанија „Asrtrobotic“. Меѓутоа, самото лансирање ќе слуќи како и еден од двата сертификациски леови за американските вселенски сили пред на „Vulcan“ да може да ѝ се одобри да ги транспортира сателитите на Пентагон.
Американските вселенски сили се клучниот нарачател и купувач на ракетата „Vulcan“. Овој најнов род на американскат армија во 2020 година го одбра ракетите на ULA – „Vulcan„ и „Atlas V“ којашто ќе се повлекува за лансирање на 60 отсто од мисиите на Пентагон до приближно 2027 година.
Ракетата „Vulcan“, чиешто лансирање чини околу 110 милиони долари, а што е поетино од нејзините претходници, ќе се обиде да го преземе пазарниот удел на „Falcon 9“, кој чини околу 62 милиони долари по лансирање. Поевтините летови на „SpaceX“ ја загрозија доминацијата на ULA кога станува збор за лансирањето на владините сателити во изминатата деценија. Но „Vulcan“, исто така, ќе конкурира и со најавената ракета „New Glenn“ на компанијата „Blue Origin“, коишто ги користи истите мотори.
Leave a Reply