Home Балкан Шпанија потврди – ги признава косовските пасоши, но не и Косово

Шпанија потврди – ги признава косовските пасоши, но не и Косово

42
0

Шпанското Министерство за надворешни работи потврди дека Шпанија го прифатила косовскиот пасош како валиден иако не ја признава неговата независност, објави денеска весникот „Паис“.

Повикувајќи се на извори од МНР, „Паис“ наведува дека сега сите земји членки на ЕУ кои се дел од Шенген зоната и не ја признаваат независноста на Косово (Шпанија, Грција, Словачка) прифаќаат употреба на обични косовски пасоши“, но и посочува дека „во никој случај не значи признавање на Косово“.

Истите извори додаваат дека „без оваа промена, носителите на косовски пасоши би имале проблеми со легалните посети на земјите кои не го признале Косово“.

Тие исто така нагласија дека „Шпанија дава приоритет и ќе продолжи да му дава приоритет на дијалогот меѓу Белград и Приштина како начин за решавање на косовското прашање“ и „се труди да го минимизира неговото влијание врз граѓаните“.

Шпанската влада во последните години го условуваше признавањето на независноста на Косово со постигнување договор со Србија, но уверуваше дека тоа нема да го попречи пристапот на Приштина кон Европската унија. Така, шпанската влада го прифати учеството на косовските власти на самитите на ЕУ и Западен Балкан, но без знамињата и симболите на државата Косово. Последниот ваков самит се одржа на 13 декември во Брисел, под шпанското претседателство со Унијата, потсетува Паис.

Косово е последната земја на Западен Балкан на чии граѓани им требаа виза за влез во Шенген зоната, додава весникот.



Previous articleПродажбата на iPhone во Кина потона на почетокот на годината
Next articleGoogle „ги изеде“ колачињата – чекор што засекогаш ќе го промени интернет рекламирањето

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here