Provereno

nie znaeme…

Проекции на филмови од кинематографиите на земјите од Вишеградската група

  Од денеска до 13 април во Кинотеката ќе бидат прикажани четири филма во рамки на циклусот „Вишеградска група В4 филмски вечери“ посветен на кинематографиите на Чешка,  Полска,  Словачка и Унгарија како дел од Вишеградската група.

Циклусот ќе почне вечер во 20 часот со проекција на чешката комедија од 2007 „Празни шишиња“ во режија на Зденек Сверак, а утре (сабота) ќе биде прикажан филмот „Студена војна“ на полскиот режисер Павел Павликовски од 2018 година.

Идните петок и сабота ќе бидат прикажани и филмовите „Инвалид“ (12 април) на словачкиот режисер Јонас Карасек, снимен минатата година, и „Плоштад Москва“ (13 април) на унгарскиот режисер Ференц Торок  од 2001 година.

Сите проекции се бесплатни за посетителите.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *