Provereno

nie znaeme…

Прва шампионска титула за Стеауа по пауза од девет години

Фудбалерите на ФКСБ, поранешна Стеауа, ја освоија шампионската титула во Романија, прва по пауза од девет години.

Избраниците на Џиџи Бекали го победија минатогодишниот шампион Фарул со 2:1 и се недостижни на врвот.

ФКСБ има 49 бода по 7. коло во плејоф фазата, а Фарул е втор со 35.

Давид Микулеску го отвори резултатот за домаќините пред паузата, а во 79. минута израмни Ривалдињо.

Малку подоцна Александру Балуца постигна гол и донесе шампионска победа за ФКСБ.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *