дома Свет Шолц загрижен поради изгледите за победа на крајната десница на изборите во...

Шолц загрижен поради изгледите за победа на крајната десница на изборите во Франција

 Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изрази загриженост поради изгледите за победа на крајната десница на претстојните предвремени парламентарни избори во Франција.

„Загрижен сум за изборите во Франција“, изјави Шолц за јавната телевизија АРД.
„И се надевам дека партиите што не се (Марин) Ле Пен, така кажано, ќе бидат успешни на изборите. Но, тоа треба да одлучи францускиот народ“, додаде тој.

ПредходнаГрупа француски дипломати со апел против екстремната десница
СледнаНимиц: Употребата на уставното име во писмена, но не и во усна форма ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија