дома ТОП ВЕСТИ МВР: Заканите кон судија на Уставен суд биле преку социјална мрежа

МВР: Заканите кон судија на Уставен суд биле преку социјална мрежа

  Заканите кон судија на Уставен суд кои денеска ги пријави претседателот на Судот Дарко Костадиновски, биле преку социјална мрежа, а нив ги упатило лицето С.И, информираат од Министерството за внатрешни работи.

МВР: Заканите кон судија на Уставен суд биле преку социјална мрежа– Денеска (24.06.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека МВР веднаш презема соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок.

ПредходнаЧеститка од Агелер за изборот на новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство
СледнаA kако назначувањето на Руте за генерален секретар на НАТО ќе влијае на Западен Балкан?