Неформалниот лидер на „Вреди“, Изет Меџити, до неодмана министер за екологија на Мицковски ,сега градоначалник на Чаир, веќе не мисли како Мицкоски . Тој го поддржува протестот за ОВК, кој ќе биде на тероторија на неговата општина ЧАир.
Тој како градоначалник на Чаир, општина каде што треба да се одржи протестот, ќе даде согласност за негово одржување.
Меџити ги даде овие коментари во изјава за VOX Kosova, нагласи дека протестот е демократско право и дека „ОВК е национална гордост“.
„Во принцип, да (го поддржувам). Протестот е демократско право. Ние го сметаме протестот за демократска вредност, а ОВК е наша национална гордост“, изјави Меџити.
Премиерот Христијан Мицкоски неодмана изјави дека е погрешен потег на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кога најави протест за 13 декември во Скопјe за поддршка на поранешните лидери на ОВК, на кои им се суди во Хаг.
„Јас не ја поддржувам таа идеја и не се согласувам со тој протест. Убеден сум дека ниту коалицијата ‘Вреди’ нема да го поддржи“, нагласи Мицкоски.





