Нов претседател на Советот на јавни обвинители е Башким Селими кој досега ја извршуваше функцијата заменик-претседател во ова тело. Негов заменик е Мирјана Илиевска.
Селими доби поддршка од осум члена на Советот од вкупно 11.
– Фала на поддршката. И тие што не гласале ќе бидат со мене, заедно ќе работиме. Сакам да се заблагодарам на досегашната претседателка, додека го водеше Советот заеднички се боревме сите и понатаму ќе се бориме заеднички и ќе излеземе на добри патишта, изјави Селими.
Тој доаѓа на местото на досегашната претседателка Душица Димитриеска, чиј мандат истече на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател беше одложен поради локалните избори.




