дома Македонија Општество Земјотрес го здрма Скопје, епицентарот во Косово

Земјотрес го здрма Скопје, епицентарот во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.

 

 

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ПредходнаФилипче: Новото раководство е готово, се отвараме, мора да се стави крај на оваа кримиална власт
СледнаЕвростат: Во Македонија има најевтина храна споредбено со Европа!