дома Македонија Политика Филипче: Новото раководство е готово, се отвараме, мора да се стави крај...

Филипче: Новото раководство е готово, се отвараме, мора да се стави крај на оваа кримиална власт

 

Во телевизиско гостување, лидерот на СДСМ рече  дека се адресирани сите  групи, се отвараме и отвараме фронт поради многу широката корупција на власта и со граѓаните, со младите луѓе со сите политички чинители, со граѓанскиот сектор за што веќе се почнати состаноци поради тоа што мора да ставиме крај на оваа криминална власт.

Кога видовме дека релевантни британски медиуми ја наметнаа темата за носење на мигранти кои се одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство во Македонија, по што поставивме прашања до македонската влада, но кога видовме дека не одговараат туку, напротив, започнаа со напади, интервениравме со многу чести прес-конференции, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Во однос на случувањата внатре во СДСМ  Филипче истакна дека оставките не се констатирани и треба да се констатираат на следниот состанок на Централниот одбор на партијата.

-ЦО  ќе го закажеме за вторник и тука ќе се избере новото партиско раководство, новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор практично една нова сила во партијата една комбинација на искусни и млади кадри. Ги адресираме сите  групи, се отвараме и отвараме фронт поради многу широката корупција на власта и со граѓаните, со младите луѓе со сите политички чинители, со граѓанскиот сектор за што веќе се почнати состаноци поради тоа што мора да ставиме крај на оваа криминална власт.

Исто така нагласи Филипче списокот со лица кои ќе бидат дел од раководството е веќе готов и единствено се чека сето тоа да помине преку органите на партијата.

ПредходнаБез струја денеска Горно Нерези, Глуво и Мирковци
СледнаЗемјотрес го здрма Скопје, епицентарот во Косово