СДСМ денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд со која бара укинување на Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ донесена во Собранието.
Резолуцијата, според СДСМ, е неуставна и е директна закана за демократијата и слободата на говорот.
– Не може Резолуција во Собрание да биде против „наративот на опозицијата“ и да се заканува повикувајќи се на Кривичен законик, прекршоци и кривични пријави заради искажан збор. Неуставната Резолуција е директен напад на слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата во целост, преку цензура. Затоа Уставниот суд, како главен заштитник на Уставот и уставниот поредок, на слободата на говор и правата гарантирани со Уставот има обврска да ги заштити. Уставниот суд мора да ја укине оваа неуставна Резолуција!, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.



