дома Македонија Политика ВО НОРМАЛНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА МИНИСТЕР ПАЃА ЗА ОВА!!! Зајкова со остра реакција...

ВО НОРМАЛНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА МИНИСТЕР ПАЃА ЗА ОВА!!! Зајкова со остра реакција по скандалот со ИПАРД

Не стивнуваат реакциите и барањата на јавноста за смена на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по скандалот со ИПАРД програмата, во кој се осомничени и уапсени негови блиски соработници за МИТО од 50.000 евра.

Денеска со своја реакција се јави и пратеничката и претседателка на ЛДП Моника Зајкова.

Обвинителот е крив? Друг е крив?
Не си ја ишкајте мувата од капата!
Во нормална европска земја министер паѓа за ова!!! Скандал!
Справете се и со криминалот во сопствените редови! Не утре, сега!!!
На овој народ му е преку глава да плаќа сметки за туѓата коруптивна алчност.
Имате обврска да ја направите Македонија нормална европска земја.” – напиша на Фејсбук Зајкова.

Screenshot 2025-12-25 121532

ПредходнаНад 25 тони пиротехника запленета во Скопје
Следна„Пластичарска“ пак блокирана, жителите на Серава протестираат, а крадат струја