Грчките актери денес штрајкуваа како дел од протестот организиран од Синдикатот на грчките актери барајќи колективни работни договори.

Според соопштението од синдикатот, штрајкот има за цел да ги принуди двете големи организации на работодавачи во театарот да започнат преговори со Синдикатот на актерите и да потпишат колективен договор за работа, објави „Катимерини“.
Овој штрајк е поддржан од сите синдикати на вработените во театарот, како и од Грчкиот синдикат за сценски уметности и акустика.




