дома Македонија Сиљановска-Давкова: Кандидатките за Судски совет ги предложив поради стручноста, а не зошто...

Сиљановска-Давкова: Кандидатките за Судски совет ги предложив поради стручноста, а не зошто се жени

Претседателката на државата вели дека ги предложила Алинда Кадри Шакиновиќ и Сузана Јошевска Анастасовска за членки на Судскиот совет затоа што се стручни и компетентни.
Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку, пред сè, поради нивната стручност и компетентност, рече Сиљановска – Давкова денеска пред пратениците.
Изборот, како што рече, го направила во согласност со високата професионалност и нивниот личен кредибилитет.
Претходно, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски изјави дека очекува професионализам и придонес во работата на ова тело и дека верува во изборот на претседателката иако за предлозите дознал од медиумите.
– Претседателката е пред се правник и професор. Не се сомневам во нејзиниот избор и верувам дека избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, изјави Камбовски.

Предходна„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
СледнаМакедонија доби конзулат во Панчево. Белград даде дозвола за работа-егзекватура на Конзулат на РСМ